Тежок е патот до Прва лига: Мојсов остана и без заби… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Тиквеш одигра тежок неизвесен натпревар против Кит Го во 7. коло од Втората лига – Исток, но ја потврди фаворитската улога со триумф од 1-0 цврсто грабејќи кон прволигашката промоција.

Кавадарчани уште еднаш покажаа дека се најсериозниот кандидат од Истокот за пласман во Првата лига, иако јасно е дека тој пат е повеќе од тежок. Па, во жестоката битка денеска против пехчевци капитенот Ѓорѓи Мојсов остана и без заби по еден дуел со противничките фудбалери… Сепак, се за Тиквеш и неговите амбиции, на радост на кавадаречката публика која повторно во голем број на Градскиот стадион ги бодреше своите миленици…

 

Се вчитува...