Шпанскиот гигант Реал Мадрид веќе ги планира засилувањата за следната сезона. Приоритет на претседателот Флорентино Перез е нов напаѓач, а изборот паѓа на египетскиот интернационалец Мохамед Салах. На „кралевите“ им е јасно дека нема лесно да ја добијат битката со Пари Сен Жермен за Килијан Мбапе и подготвуваат понуда од 170 милиони евра за Салах.
Ливерпул глатко го одби претходниот предлог, да го продаде Египќанецот за 130 милиони евра изминатово лето, па Реал Мадрид сега ќе достави многу поголема понуда. Откако заигра на „Енфилд Роуд“, од 2016 година, Салах израсна во една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал. За англискиот тим постигна 77 гола на 116 натпревари, под раководство на Јирген Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА