Македонската репрезентација до 21 година во четврток (10. октомври) против Црна Гора во Подгорица ја очекува вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2021 година. По убедливиот триумф од 7-1 против Фарски острови избраниците на Благоја Милевски веруваат дека можат успешно да парираат и на црногорската селекција.
„Подготовките се одвиваат во најдобар ред. Најважно е што сите сме здрави, нема повредени и максимално сме посветени на тренинзите и исполнувањето на задачите од стручниот штаб. Би било идеално доколку со победа на гостински терен ги продолжиме квалификациите и ќе дадеме се од себе тоа да го постигнеме. Треба да покажеме карактер и да го искористиме секој момент што како шанса ќе ни се укаже. Црна Гора е квалитетна репрезентација, доволно се познаваме, јасно ни е дека на домашен со ниту една селекција не е лесно, но ние имаме цел да победиме и се надевам дека тимски во тоа и ќе успееме“ – вели Јани Атанасов.
Денеска македонската репрезентација ќе тренира од 16 часот, а официјалниот тренинг е утре од 17 часот. Натпреварот против Црна Гора се игра на „ДГ“ арена во главниот град на Црна Гора. Дуелот со Црна Гора се игра на 10. октомври во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА