Ќе го прекршат протоколот: Ако има расизам, Англичаните ќе го напуштат теренот

Англиските фудбалски репрезентативци решиле да ги преземат работите во свои раце и жестоко да реагираат ако почувстуваат расистички напад за време на квалфикациските натпревари за ЕУРО 2020 против Чешка и против Бугарија.

„Ако има расистички навреди ќе го напуштиме теренот“ порачуваат англиските репрезентативци. Капитенот Хари Кејн им рекол, дека „ако само еден од нив не е среќен на теренот сите ќе се повлечеме“, тврдат извори од англискиот репрезентативен набор.

Англија в петок игра против Чешка, а в понеделник против Бугарија на полупразен стадион поради казната што ја имаат Бугарите токму поради расизам. Во август, Левски и Локомотив Пловдив беа казнети од УЕФА порад расистички навреди за време на натпреварите од Лига Европа.

УЕФА за ситуации со расистички навреди има протокол во три чекори, а последниот е официјалните лица да решат дека го прекинат натпреварот. Англиските репрезентативци се согласиле дека нема да го чекаат протоколот тука оти веднаш ќе се повлечат од теренот.

 

 

Се вчитува...