Меси: Ми пречи што ме споредуваат со Господ пред моите деца

Лионел Меси во отворено интервју за шпанската телевизија РАЦ1 говореше за најразлични теми, меѓу другото и откривајќи дека му пречат комплиментите кога од медиумите и навивачите е споредуван со фудбалски Бог.

„Искрено, ми пречи што луѓето ме споредуваат со Господ, тоа е големо претерување. Особено ми е чудно поради моите деца, кои слушаат се што се говори за мене и потоа го копираат таквото однесување. Не е добро моите деца да слушаат дека татко им е Господ“ – истакна Меси.

Тој проговори и за својата иднина, уште еднаш потенцирајќи дека желба му е да остане во Барселона до крајот на кариерата.

Моја желба е да останам во Барселона. Се уште не сум разговарал за продолжување на соработката, но никогаш не сме имале проблем на оваа тема. Сакам да ја завршам кариерата овде, бидејќи овој клуб е моето семејство. Уживам во овој град и не сакам ништо да менувам поради моите деца“ – вели аргентинскиот фудбалски генијалец.

Меси се осврна и на шокантниот пораз од Ливерпул во Лигата на шампионите, потенцирајќи дека вината не смее да се бара кај тренерот Валверде.

„Поразот од Ливерпул е наша вина, не на тренерот. Се уште не можеме да разбереме што се случи, бевме блокирани, не игравме како што знаеме. Валверде знае дека ја има нашата поддршка во секој момент, исто како што тоа беше случај и со Луис Енрике. За да си ги остварите своите цели, морате да бидете обединети како тим“ – изјави Меси.

 

Се вчитува...