Македонската репрезентација до 21 година денеска од 17 часот во Подгорица ја очекува вториот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство 2021 година. По убедливиот триумф од 7-1 против Фарски oстрови од отворањето на квалификацискиот циклус, нашата репрезентација се надева дека победничката низа ќе продолжи и по натпреварот во главниот град на Црна Гора.
Напаѓачот Дарко Чурлинов смета дека на натпреварот мора да му се пристапи максимално сериозно ако сакаме позитивен резултат.
„Напорно се подготвувавме за дуелот со Црна Гора. Противникот е квалитетен, но сметам дека не е посилен од македонската репрезентација. Треба да одиграме „машки“ и многу фокусирано на секој дел од теренот. Иако отворивме во квалификациите со убедлива победа, сепак, имавме некои грешки и на тој натпревар што против Црна Гора не смееме да ги повториме. Важно е да одиграме како тим и сите заеднички да придонесеме во играта за да успееме да запишеме три бода“ – вели Дарко Чурлинов.
Натпреварот меѓу младите селекции на Црна Гора и Македонија се игра на на „ДГ“ арената во Подгорица со почеток од 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА