Квалификациите и трката за ГН на Јапонија ќе се возат во ист ден

Квалификациите и трката за ГН на Јапонија во Формула 1 шампионатот ќе се одржат во ист ден, објави Светската автомобилска федерација (ФИА).

Поради големото невреме и тајфунот кој ја погоди Јапонија, квалификациите кои беа планирани за во сабота ќе бидат преместени за ден подоцна, што значи дека ќе се возат пред самата трка во недела. Квалификациите се закажани за 10 часот по локално време во недела, додека трката ќе биде во 14:10 часот. Интересно е дека ова е трет пат во Јапонија квалификациите и трката да се одржат во ист ден. Претходно тоа се случуваше и во 2004 и 2010 година.

Се вчитува...