Лидерот на табелата во Втората лига исток, Тиквеш одигра нерешено 2-2 на гостувањето кај прилепска Победа.
Гостите иако водеа по првото полувреме, треба да бидат среќни со резултатот бидејќи спасуваа реми во финишот на мечот. Гостите поведоа со голот на Митев во 30. минута. Домаќините во вториот дел заиграа подобро и успеаја да направат пресврт со головите на Гешоски во 70. и Наумоски во 87. минута. Сепак, бод вреден злато за гостите донесе Скендери со голот во 90. минута.
Во вториот денешен натпревар Плачковица го совлада Осогово со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА