ЕКИПА во Варшава,
Владимир Булатовиќ
Фудбалските репрезентативци на Македонија го одработуваат првиот тренинг на стадионот „Полонија“ во Варшава, пресрет на мечот кој во сабота ќе го одиграат против репрезентацијата на Полска. Езгијан Алиоски верува дека иако Полјаците се фаворити, но тие можат да се носат со нив.
„Одигравме одличен натпревар против Словенија и сето тоа сега ни носи дополнителен мотив за мечот со Полска. Тука сме да покажеме дека имаме сили да се бориме за врвот, знаеме дека Полска е фаворит но ние веруваме во себе. Верувам дека повторно ќе одиграме максимално ангажирано и ќе се вратиме со бодови“, вели Алијоски.
Квалификацискиот дуел против Полска ќе се игра на Националниот стадион во Варшава во недела во 20:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА