Проблеми со повреди и за Полјаците пред мечот со Македонија…

ЕКИПА во Варшава,

Владимир Булатовиќ

Селекторот на Полска, Јиржи Биржичек се соочува со два проблеми во пресрет на квалификацискиот натпревар против Македонија кој се игра утре на Националниот стадион во Варшава.

По дуелот со Летонија, и покрај убедливата победа од 0-3 во Рига, отворено е незадоволство кај дел од полската фудбалска јавност поради изданијата на нивниот национален тим во овој квалификациски циклус. Дел од полските фудбалски легенди бараат и промени во играчкиот кадар во репрезентацијата. Биржичек, како што рече, не размислува за тоа но пред натпреварот со Македонија се соочува со две откажувања.

На повреди се жалат искусниот дефанзивец од руската Локомотив Москва, Мачеј Рибуш, како и 21-годишниот фудбалер од средниот ред на англиски Дерби Каунти, Кристијан Биелик. За стручниот штаб попроблематично би било отсуството на стандардниот во одбраната Рибуш кој главно е незаменлив на левата бековска позиција.

 

Се вчитува...