Селекцијата на БиХ неочекувано лесно и убедливо ја декласираше Финска со 4-1 во рамките од квалификациите за ЕВРО 2020. Босанците беа дополнително ослабени со неиграњето на Един Џеко, но дури и во отсуство на најдобриот стрелец успеаја да го торпедираат противничкиот гол.
Хајровиќ, кој на самиот почеток влезе во игра на местото на повредениот Вишча, по што два гола постигна Миралем Пјаниќ. Хоџиќ зголеми на 4-0 во второто полувреме, пред Финците да го ублажат поразот преку Похјанполо.
Романија триумфираше со 0-3 на гостувањето против Фарските Острови, но отпорот на домаќините беше скршен во последните 15 минути, кога Пушкаш, Митрита и Кешеру се запишаа меѓу стрелците.
Најнеизвесно беше во Копенхаген, каде Данска по голема борба ја совлада Швајцарија со 1-0 благодарение на погодокот на Поулсен во 84. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА