Карим Бензема игра во животна форма во последната година, но и тоа не е доволно за асот на Реал Мадрид да добие „прочка“ и да биде вратен во националниот тим. За потсетување, Бензема во 2015 година беше уапсен под сомнение дека заедно со уште еден пријател го уценувал репрезентативниот колега Матиу Валбуена за секси-снимка од фудбалерот да не биде објавена во јавноста.
Селекторот Дешамп тогаш експресно реагираше отстранувајќи го голгетерот на Реал од националниот тим, по што Бензема никогаш не доби шанса за камбек во дресот на „триколорите“.
„Тоа е чисто спортска одлука. Искрено верувам дека неговото враќање не би донело ништо добро на репрезентацијата. Работите ги гледам јасно, исклучиво низ призмата на она што претставува дресот на Франција“ – дециден е на оваа тема францускиот кормилар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА