Италијанскиот репрезентативец Франческо Ачерби ја покажа својата човечка големина за време на посетата на детската клиника во Рим. Избраниците на Роберто Манчини дојдоа во клиниката, носејќи подароци за децата и билети за синоќешниот меч со Грција.
Протоколот заврши и сите се упатија кон автобусот, но фудбалерот на Лацио остана во болницата. Откако прес-офисерот му соопшти дека автобусот без размислување одговори:
„Слободно одете, јас ќе фатам такси и ќе стигнам каде што треба. Не ми е гајле, не си одам одовде додека не се видам со сите деца“ – порачал Ачерби, останувајќи во болницата уште неколку часа.
Приказната е уште поемотивна ако се знае дека на самиот фудбалер пред неколку години му беше дијагностициран канцер на тестисите, болест што тој успеа да ја победи и да се врати на терените.
„Болеста ми го промени животот. Сега обрнувам поголемо внимание не само на животниот стил, туку и на малите работи. Најпрвин се чувствував победен, не сакав да се борам, не си поставував цели пред себе. Сепак, со време увидов дека ова е борба што можам да ја добијам, почнав да се борам и на крајот не само што ја победив болеста, туку и успеав да се вратам на фудбалот“ – коментира Ачерби, кој ги одигра сите 90 минути за Италија на дуелот со Грција при победата од 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

