ЕКИПА во Варшава,
Владимир Булатовиќ
Полувреме без голови на Националниот стадион во Варшава во квалификацискиот натпревар меѓу Полска и Македонија за пласман на ЕП 2020. Полјаците доминираат, гредата го спаси голот на Димитриевски, но македонската селекција има посакувани 0-0 за првиот дел.
По мирниот старт на мечот, првата можност на мечот ја имаше Македонија. Николов доби топка од Елмас се обиде при отворен простор со шут од околу 25 метри, но непрецизно. Полјаците се заканија во 10. минута со одличен шут на Криховјак од 18 метри, но сантиметри покрај десниот дирек од голот на Димитриевски.
Во 15. минута првата посериозна шанса на натпреварот. Левандовски одлично проигран од десната страна, со волеј удар од 12 метри прекрасно шутира но за малку покрај голот на македонскиот голман. И веќе во 17. минута нов извонреден напад на домашните, Зјелински оставен сам на 15 метри силно бие но гредата го спасува голот на Македонија.
Во 25. минута соло акција на капитенот Горан Пандев, се проби во домашниот шеснаесетник, се обиде да проигра до Несторовски до Шчесни истрчува не дозволувајќи изненадување.

По мирните следни минути, Гроски во 35. минута се обиде директно од слободен удар од 30 метри, но лесен плен за Димитриевски. Веќе во следната минута и Алиоски одлично шутираше од слободен удар од 30. метри но Шчесни брани.
Во судиското продолжение од првото полувреме, Гросицки го имаше последниот обид за домашните по акциијата по левата страна, но непрецизно за прв дел без голови во Варшава.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2020 (8. КОЛО)
ПОЛСКА – МАКЕДОНИЈА (0-0)
Национален стадион во Варшава. Гледачи: 57.000. Главен судија: Антонио Лахоз. Помошници: Рау Дејвис и Паламор (сите од Шпанија). Делегат: Канапјанов (Казахстан). Ж. картони: Беднарек, Шимански (П), Пандев, Николов, Несторовски (М).
ПОЛСКА: Шчесни, Река, Беднарек, Горалски, Бережински, Шимански, Гросицки, Глик, Зјелинцки, Криховјак, Левандовски
Селектор: Јержи Брзичек
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Бејтулаи, Муслиу, Ристевски, Николов, Алиоски, Спировски, Елмас, Пандев, Несторовски
Селектор: Игор Ангеловски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

