Пола Редклиф суверено владееше 16 години во светот на женското маратонско трчање. Се до вчера. Приматот и го одзеде Бригид Косгеи која на трката во Чикаго го урна најдоброто време што и припаѓаше на Британката и сега таа е на врвот на листата за најдобри резултатски постигнувања во најтешката атлетска дисциплина. Новиот рекорд е 2:14:04 часа. Косгеи верува дека може и подобро.
„Мислам дека жена е можно да достигне време од 2:10 часа. Фокусирана сум на тоа повторно да го намалам времето“ – изјави Кенијката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА