Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го одржа последниот тренинг во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар против Казахстан за пласман на Европското првенство 2021 година. Мотивирани за нов успех, младите фудбалери најавуваат нов квалитетен настап.
„Ги оставаме зад нас првите два натпревари во кои остваривме две победи. Секогаш е специфично да се добие натпревар против противник за кој јавноста смета дека ќе биде лесно. Казахстан воопшто не е наивна репрезентација, играат брзо, тактички се одлично подготвени и мораме да бидеме многу внимателни и добри во дуелите доколку сакаме победа. Наше е да го одиграме тоа што го бара селекторот, а доколку успееме во тоа, мислам дека сме на прав пат“, изјави Агрон Руфати.
Селекцијата на Благоја Милевски по воведните две кола има максимални шест бодови по домашниот триумф со Фарски Острови од 7-1 и победата во Подгорица против Црна Гора од 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА