Кастратовиќ е новиот предводник на Металург

Поранешниот селектор на македонската женска ракометна репрезентација и поранешен тренер на Кометал и на Вардар, Зоран Кастратовиќ е новиот тренер на Металург. Клубот и црногорскиот стратег ја договориле соработката. Официјалната промоција ќе биде утре. Кастратовиќ беше и селектор на репрезентацијата на Црна Гора и со овој национален тим учествуваше на Светското првенство во 2013 и на Европското првенство во 2014 година.

Металург сезоната ја почна со Дамир Стојановиќ, но неговиот престој во Автокоманда траеше кратко. Сега клубот ќе се обиде со Кастратовиќ кој треба да ја предводи екипата во домашното првенство и во ЕХФ купот.

Металург утре ќе гo добие ривалот за третото коло, а можни противници се Олимпијакос (Грција), Талент Плзењ (Чешка), Екс Прованс (Франција), СКА Минск (Белорусија), Малме (Шведска), Алпла Хард (Австрија), Адемар Леон (Шпанија), Бенфика (Португалија), Горење (Словенија), ЗТР (Украина), Азоти Пулави (Полска), Горњик (Полска), Бохолт (Белгија), Арендал (Норвешка), Винтертур (Швајцарија).

 

Се вчитува...