Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов го повика претседателот на Фудбалската федерација, Борислав Михајлов да си поднесе оставка откако репрезентативците на Англија беа расистички навредувани за време на евроквалфикацискиот натпревар во Софија. Средбата беше двапати во прекин, а Англиачните сакаа и да се повлечат од теренот.
Борисов му наредил на министерот за спорт, да ги прекине сите реалиции со фудбалската федерација, дури и финасиските се дури актуелниот претседател Михајлов не поднесе оставка.
„Премиерот ми се јави синоќа. Владата направи многу за развојот на фудбалот во државата, особено последнава госдина, но по последниве настани, премиерот ми нареди да ги прекинам сите релации со фудбалската федерација“ – изјави министерот за спорт на Бугарија, Красен Кралев.
Бугарите пак уште пред натпреварот се жалеа дека Англичаните ги преувеличуваат работите, а речиси идентична реакција имаа и по средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА