Манчестер Јунајтед по заминувањето на Сер Алекс Фергусон се наоѓа во големи проблеми, а сезонава го достигнаа врвот на очајната игра. Јунајтед очајно игра во Премиер-лигата каде се наоѓа на 12. место пред дерби дуелот со Ливерпул кој досега има максимален учинок.
Солскјер во декември минатата година седна на клупатана Јунајтед, а по добрите резултати на стартот на неговата авантура доби и перманентен договор со клубот. Сепак, не успеа да ги оправда очекувањата, а Манчестер Јунајтед секој натпревар е се полош.
Англиските медиуми објави дека „црвените-ѓаволи“ почнале преговори со Масимилијано Алегри кој веќе неколку месеци е без работа, откако замина од Јувентус. Тие пренесуваат дека тој е подготвен да седне на клупата на тимот, а негов помошник ќе биде легендарниот Патрис Евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА