Клаудио Раниери ќе има симболично деби на клупата на Сампдорија, бидејќи мечот ќе се игра на денот кога слави роденден, а противник ќе му биде клубот за кого од мал навива, Рома.
„Јас сум навивач на Рома, но секогаш сум ја ценел Сампдорија. Бев среќен кога го освоија скудетото и тажен кога загубија во финалето на Купот на шампионите. Што се однесува до дебито на клупата на Сампдорија на мојот роденден против Рома,тоа е неверојатно. Секако кога ќе излеземе на терен веќе нема љубов туку само професионализам. Нека победи подобриот“, изјави Раниери.
Раниери вторпат во последните седум месеци го наследува Еузебио ди Франческо на клупата на некој тим. Претходно тоа беше токму во Рома, а сега тоа е во Сампдорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

