Мешање на политиката во фудбалот и фудбалските федерации е најстрого казниво од страна на УЕФА, па токму затоа изненадувачки се денешните случувања во Бугарија и оставката што попладнево си ја поднесе првиот човек на Бугарската Фудбалска Федерација, Борисав Михајлов.
По вчерашните случувања на дуелот Бугарија – Англија и расистичкото навивање на дел од домашните фанови, Премиерот Бојко Борисов утрово се јави со изјава во која гласно побара смена на чело на куќата на фудбалот во оваа земја. Само неколку часа подоцна, Михајлов поднесе оставка од претседателската функција.
„Заминувам за доброто на фудбалот, со цел да се избегнат уште поголеми тензии“ – прокоментира Михајлов, чија оставка треба да биде прифатена на состанокот закажан за петок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА