Младата репрезентација на Македонија пропушти реална можност со максимален ефект, три победи од исто толку натпревари, да го стартува квалификацискиот циклус за ЕП 2021. И покрај тоа што имаше игра која се чини ветуваше победа, посебно по водството уште од 20. минута со голот на Милан Ристовски, на крајот македонската селекција стигна само до реми (1-1) со Казахстан кој не казни од единствената своја шанса на мечот.
На крајот разочараност кај македонските надежи, жал за два бода кои многу да значат, но и верување дека сепак може да се продолжи со позитивната низа низ продолжението од квалификациите во кои ќе се брка врвот на табелата во Групата 6…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА