Српскиот интернационалец Немања Матиќ е на излезна врата од „Олд Трафорд“. Тој оваа сезона не ја добива очекуваната минутажа од менаџерот Оле Гунар Солскјер. Иако тимот игра очајно Матиќ доби шанса на само четири од 11-те натпревари во Премиер – лигата.
Најавите се дека тој во јануари ќе побара да замине од Манчестер Јунајтед, а сериозен интерес за него покажува тренерот на Интер, Антонио Конте. Поранешниот стратег на Челси многу добро ги знае квалитетите на одличниот дефанзивен играч за врска и посакува да го има во составот од „Џузепе Меаца“. Релацијата која отпочн со ангажманот на Ромелу Лукаку би можела веќе во јануари да продолжи и со Немања Матиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА