ПСЖ се интересира за Каи Хаверц

Францускиот првак Пари Сен Жермен појави сериозен интерес за германскиот репрезентативец и член на Баер Леверкузен, Каи Хаверц. Тој игра одлично во дресот на „фармацевтите“ во Бундес-лигата, а добива стандардно место и во селекцијата на Јоаким Лев. Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, би сакал да го засили средниот ред со одличниот млад креатор на играта и за тоа е подготвен богато да плати.

Баер Леверкузен бара 100 милиони евра отштета за Каи Хаверц, а планот на ПСЖ е во пакетот да понуди и неколку фудбалери. Можно е Џулијан Дракслер да се врати во Бундес-лигата, а дресот на Баер Леверкузен да го облечат и Тило Керер и Ерик Максим Чупо – Мотинг.

Се вчитува...