Реал Мадрид испрати „непристојна понуда“ во Лондон

На Реал Мадрид му се неопходни нови засилувања, а Зинедин Зидан инсистира на сонародници од Франција како идеални дополнувања на тимот на „кралевите“ што го има во моментов. Откако не успеа да го осигура потписот на Пол Погба, Зидан го насочи вниманието кон Нголо Канте, за кого „кралевите“ веќе подготвија и мегапонуда што беше испратена до Челси.

Големиот борец на средината на теренот е проценет над 100 милиони евра, а „кралевите“ се подготвени да платат 90 милиони, плус да го испратат на „Стемфорд бриџ“ својот фудбалер Хамес Родригез. Колумбиецот не ја искористи добиената шанса од Зидан и во јануари дефинитивно ќе си замине од Мадрид, па Флорентино Перез ќе се обиде да го искорист тоа за да го вклучи Хамес во „пакетот“ за Канте.

Досега Челси ги отфрлаше сите понуди за одличниот фудбалер за врска, но она што го нуди Реал дефинитивно ќе биде сериозно разгледано од страна на лондонскиот клуб. Лампард би добил дополнителен фонд за нови засилувања, но и Хамес Родригез како значаен адут на плејмејкерската позиција. Останува да се види дали овој мегатрансфер би можел да се реализира во јануари, или клубовите ќе преговараат за преселба на Канте на „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на сезонава.

Се вчитува...