Владата на Велика Британија упати официјален допис до УЕФА со барање Бугарија да биде жестоко казнета за расистичките навреди кои беа упатени кон англиските репрезентативци на квалификацискиот натпревар на стадионот „Васил Левски“. Министерот за спорт на В. Британија, Најџел Адамс, побарал од УЕФА да донесе одлука за исфрлање на селекцијата на Бугарија од квалификацискиот циклус за ЕП 2020.
Во текот на вчерашниот ден и премиерот Борис Џонсон имал разговори на оваа тема со челниците на Европската куќа на фудбалот. УЕФА поведе истрага за овој случај и во најбрз можен рок се очекуваат одлуките по големиот скандал во Софија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА