Екс-играч на Милан фатен со кокаин и со проститутки

Поранешниот француски репрезентативец Жереми Менез се наоѓа во големи проблеми откако мексиканските медиуми објавија видео-снимка од него како конзумира кокаин и ужива во друштво на проститутки.

Тој летово беше без клуб, а одвај најде ангажман во францускиот второлигаш Париз. Претходно настапуваше за мексиканската Америка. На снимката се гледа како проститутка седи в неговиот скут, додека неговите пријатели конзумираат кокаин. Сепак, Менез се обидува да се одбрани од целата ситуација.

„Видеото е снимено пред пет месеци додека бев на одмор во Мексико. Дрога немам никогаш пробано, а тоа можам да го докажам со допинг тест. Жената на видеото не е проститутка, немојте да измислувате приказни кои не се случиле. Брзо ќе докажам се, опуштете се“, изјави Менез.

 

Се вчитува...