Ѕвездата на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, ќе се најде во книгата на „Гинисови рекорди“ во 2020 година. Тој минатата сезона во Премиер-лигата забележа 12 асистенции, со што стана фудбалер со најмногу додавања за гол во една натпреварувачка сезона.
„За мене ова признание е голема чест. Сакам да им помагам на соиграчите да постигнуваат голови. Сепак, за овој учинок се заслужни моите соиграчи, бидејќи за да имаш асистенција мора тие да погодуваат. Фудбалот е тимски спорт и затоа без нив јас немаше да влезам во книгата на Гинисови рекорди“, изјави Арнолд.
Покрај, Арнолд во книгата на „Гинисови рекорди“ се и Килијан Мбапе кој е најмлад фудбалер номиниран за „Златната топка“ (18 години и 293 дена), Ада Хегерберг која е првата жена која ја освоила „Златната топка“, Ања Митаг најмногу голови во женската Лига на шампиони (51), Шејн Лонг со најбрз гол во Премиер-лигата (7,69 секунди) и Жоао Феликс кој е најмлад фудбалер кој постигнал хет-трик во Лигата на шампионите (19 години и 152 дена).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА