Големото дерби на шпанскиот фудбал меѓу Реал Мадрид и Барселона што е закажано за 26 октомври би можело наместо на „Камп ноу“ да се игра на „Сантијаго Бернабеу“, поради немирите ширум Каталонија по изречените затворски казни за предводниците на движењето за остамостојување на оваа шпанска покраина.
Од Шпанија секојдневно стигнуваат информации за нови конфликти и уапсени лица, поради што владее страв дека нема да можат да бидат преземени соодветни безбедносни мерки за дуелот со омразениот мадридски клуб. Поради ова, челниците на „Ла Лига“ веќе доставиле и официјален предлог до Шпанската Фудбалска Федерација за промена на домаќинството, октомврискиот дуел да се игра во Мадрид, додека во второто „Ел Класико“ сезонава домаќин да биде Барса.
Каталонскиот клуб се уште го нема добиено официјалното барање, но меѓу челниците на Барса постои незадоволство од ваквиот третман што клубот го добива во однос на големиот ривал. Според шпанските медиуми, клубовите ќе треба официјално да се изјаснат до понеделник, по што ќе Натпреварувачката комисија ќе донесе конечна одлука каде ќе се игра првото „Ел Класико“ сезонава, закажано за 26 октомври со почеток во 13 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА