Меѓународниот олимписки комитет размислува маратонот на Летните Олимписки Игри да не се одржи на улиците во Токио. Се очекува маратонот и трката во брзо одење најверојатно ќе се одржат во Сапоро кој е на 800 километри од главниот град на Јапонија.
Причината за овој потег е значително подобрите временски услови во Сапоро. Според синоптичарите температурата во тој период во Сапоро ќе биде за пет до шест степени помала, отколку во Токио. Летните Олимписки Игри ќе бидат одржани во периодот од 24. јули до 9. август следната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА