Реал Мадрид го купува Серж Гнабри?

Шпанскиот гигант Реал Мадрид не престанува да бара нови засилувања за следната сезона. Герет Бејл е на излезна врата веќе подолг период, Еден Азар се уште не го достигнал потребното ниво, а Винисиус Жуниор и Лукас Васкез не можат да одговорат соодветно на најважните натпревари и да му бидат поддршка на Карим Бензема. Лука Јовиќ и не доби голема шанса да се наметне иако за него беа платени 60 милиони евра, а „кралскиот клуб“ веќе има нов цел – Серж Гнабри од Баерн Минхен.

Германскиот репрезентативец се пронајде во баварскиот гигант, игра одлично и многу позрело од периодот кога го носеше дресот на Арсенал. Претседателот на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, е подготвен да плати 80 милиони евра и во летниот преоден рок да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“. Сепак, последниот збор ќе го има Баерн Минхен, кој секако нема да дозволи така лесно да го испушти крилниот напаѓач.

 

Се вчитува...