Доаѓањето на Кристијано Роналдо му помогна на Јувентус да стане еден од најуспешните брендови во светот на фудбалот. „Газета дело спорт“ го објави финансискиот извештај во кој се наведува дека присуството на Роналдо на „Старата дама“ и донело неверојатни 58 милиони евра дополнителна заработка од маркетинг.
Клубот од Торино за првпат се најде меѓу десетте најуспешни фудбалски брендови кога е во прашање продажбата на дресови. Италијанскиот гигант само од дресови заработи 45 милиони евра. Базата на навивачи на клубот во последната година порасна за 38 милиони и од 11. место скокна на 8. позиција.
Порасна и бројот на луѓе кои го следат Јувентус на социјалните мрежи. Тој сега изнесува 85 милиони со што се наоѓа на 4. позиција, а пред италијанскиот гигант се само Реал Мадрид, Барселона и Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА