Бугарија остана и без селектор по скандалозниот меч со Англија

Красимир Балаков поднесе оставка поради  од позицијата селектор на фудбалската репрезентација на Бугарија. По контроверзниот натпревар меѓу Англија и Бугарија на кој домашните навивачи расистички ги нападнаа англиските фудбалери, претседателот и целиот управен одбор на Фудбалската федерација на Бугараија, се одлучија за оставка, а медиумите од нашиот источен сосед пренесуваат дека на ист чекор се нафатил и селекторот Балаков.

Бугарските медиуми се повикуваат на претседателот на Славија Софија, Венцислав Стефанов кој исто така е исто така член на управниот одбор кој е во заминување.

„Красимир Балаков исто така се одлучи да поднесе оставка по заминувањето на претседателот и целиот управен одбор“, изјави Стефанов. 

Бугарија во седум натпревари во квалификациите за Европското првенство успеа да освои само три бода.

Се вчитува...