Атлетико Мадрид третпат последовно не успеа да победи и освои само бод во дуелот со Валенсија играјќи 1-1. Диего Коста во 34.минута од пенал донесе водство за составот на Диего Симеоне, но Валенсија успеа да израмни во финишот, со прекрасниот гол на Дани Парехо во 82.минута.
Во завршните мигови Валенсија остана и со играч помалку по исклучувањето на Ли Кангин, но „лилјаците“ сепак успеаја да освојат бод.
По девет одиграни меча, Атлетико Мадрид има 16 бода, додека Валенсија три помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА