Јувентус ја запиша и седмата победа во 8. коло од Серија А, триумфирајќи со 2-1 во пресметката против Болоња.
Роналдо во 19. минута ја најави победата на „црно-белите“, и покрај тоа што Данило во 26. минута израмни за гостите. Сепак, триумфот беше запечатен со погодокот на Пјаниќ во 54. минута од средбата.
По оваа победа Јувентус се зацврсти на врвот од табелата со 22 бода, четири повеќе од второпласираниот Интер кој има и натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА