Македонската карате репрезентација која ќе биде дел од 11. Светско првенство за кадети, јуниори и постари јуниори до 21 година, од 23. до 27. октомври во Сантјаго, Чиле ги заврши комплетните подготовки за светскиот собир.
Каратистите завршните подготовки ги реализираа во одлични услови во хотелот „Гогов“ во Пехчево, заокружувајќи ја формата за најголемиот светски карате собир.
Македонија во дисциплината борби ќе ја претставуваат: Бојан Костов, кумите машки, кадет -52 кг., Фахик Весели, кумите машки, У21 -67 кг., Доан Османи, кумите машки, У21 -75 кг., Вероника Костовска, кумите женски, У21 -61 кг., Ангела Мојсовска, кумите женски, У21 -68 кг., предводени од тренерите-селектори на државната репрезентација Александар Кузмановски и Арлинд Хусеини.
Под водство на селекторот-тренер на државната репрезентација во кати Ивана Аврамова ќе настапат и натпреварувачите во ката машки Александар Неделковски и ката женски Владанка Аврамова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА