Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, во функција на аналитичар за Премиер-лигата на „Скај спортс“ го критикуваше актуелниот предводник на „црвенитe ѓаволи“, Оле Гунар Солскjер, за нефокусираност на сегашната состојба во тимот.
„Многу сакам да си најдам работа како Солскјер. Тригодишен договор и ќе си повторувам, иднината, младите играчи и така натаму. Супер позиција за во фудбалски гигант“ – изјави Португалецот анализирајќи пред дербито меѓу Јунајтед и Ливерпул кое заврши без победник 1-1.
Солскјер дојде како замена за Мурињо на клупата на Јунајтед. Имаше вистински „меден месец“ кога го презеде кормилото што резултираше со долгорочен договор. Но, најтрофејниот клуб во Англија е во страшна резултатска криза, по девет одиграни кола се наоѓа на 13. позиција со само 10 бода, има 10 постигнати гола, примени 9 и е на дури 15 бода зад лидерот Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА