Роналдо: Со Алегри бевме одлични, со Сари сме уште подобри

Кристијано Роналдо има само пофални зборови за новиот тренер Маурицио Сари, под чие водство Јувентус влезе во победнички ритам и се искачи на чело на калчолигашката табела.

„Со Алегри бевме одличен тим, но под водство на Сари сега сме уште подобри. Стилот на игра е подобрен, играме поофанзивно, а јас лично имам поголема слобода во движењето. Сепак, сезоната е долга и мораме да играме најдобро што знаеме. Во однос на претходната сезона создаваме повеќе шанси, што како напаѓач сигурно многу повеќе ми одговара“ – изјави Роналдо.

Следен предизвик за „старата дама“ ќе биде утрешниот домашен натпревар од Лигата на шампионите против Локомотив Москва.

Се вчитува...