УЕФА ја казни Србија да игра пред празни трибини против Луксембург

Фудбалската репрезентација на Србија ќе мора да го игра пред празни трибини следниот квалификациски натпревар на домашен против Луксембург на 14 ноември. Европската куќа на фудбалот го казни ФСС со два меча играње без публика (вториот меч е условна казна) поради расистичките навреди од трибините на дуелот против Португалија одигран на 7 септември.

Казната е донесена поради несоодветна организација на натпреварот против Португалија. Во дисциплинскиот извештај на УЕФА наведени се повеќе причини меѓу кои и недозволено влегување на навивачи на теренот, користење на пиротехнички средства, расистичко однесување, нездозволени скандирања, доцнење на почетокот на мечот и задоцнето излегување на селекторот Љубиша Тумбаковиќ од соблекувалната.

Покрај натпреварот против Луксембург кој ќе мора да се одигра без присуство на гледачи, ФСС парично е казнет со 33.250 евра.

 

Се вчитува...