Шефилд Јунајтед оствари значајна победа (1-0) над Арсенал во последниот натпревар од деветтото коло во Премиер – лигата. Новиот премиерлигаш ги изненади „топчиите“ со офанзивен пристап и успеа да освои три бода со кои се искачи на деветтата позиција на табелата со 12 бода. Арсенал има три бода повеќе и се наоѓа на петтото место.
Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 30.минута, кога Лис Мусет успеа да ја погоди мрежата на гостите. По корнер, тој најдобро се снајде и го постигна победничкиот гол. Тимот на Унаи Емери не успеа да возврати до самиот крај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА