Борусија без двајца важни играчи против Интер

Борусија Дортмунд ќе биде сериозно ослабена за утрешниот натпревар против Интер откако тренерот Лусијен Фавр воопшто не ги повика Марко Ројс и Пако Алкасер меѓу патниците за Милано.

„Милионерите“ утринава полетаа за Италија, а покрај Алкасер, кој е повреден веќе извесно време, на листата на патници го немаше ниту Ројс, кој во меѓувреме заработил незгодна повреда. Во тимот на Борусија се враќа Санчо, кој поради прекршување на клупската дисциплина не настапи на последниот дуел со Борусија Менхенгладбах, воедно и беше казнет со 100.000 евра.

Борусија по првите две кола има четири бода, додека Интер има освоено само еден бод во групата.

 

Се вчитува...