Огромен скандал се случи за време на дуелот од ЛШ за младинци меѓу Олимпијакос и Баерн Минхен откако група грчки хулигани влета на трибините и се пресмета со германските фанови кои ги бодреа младите фудбалери на Баерн.
Резултатот во тој момент гласеше со 0-4 и на теренот немаше никаква тензија, па токму затоа шокантно делуваа сцените откако хулиганите влетаа и направија нееројатен инцидент. За среќа, не беа нападнати фудбалерите, но подебелиот крај го извлекоа гостинските навивачи.
Судијата донесе одлука мечот да се продолжи, но откако повторно дојде до мал конфликт на трибините, беше донесена одлука да не се ризикува и натпреварот да биде прекинат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА