Куртоа: Ни беше потребна победа во Истанбул

Реал Мадрид успеа да одолее на атмосферата во Истанбул и го совлада Галатасарај со 0-1, со голот на Тони Крос. „Кралевите“ со триумфот се искачија на второто место на табелата во групата А со четири освоени бода, далеку зад лидерот ПСЖ кој има максимални три победи. Но, сепак, Тибо Куртоа е задоволен од победата и мирната мрежа против Галатасарај.

„Ни беше потребна победа во Истанбул. Не е лесно да се оствари тоа во една ваква жешка атмосфера, но ние успеавме. Задоволен сум што не примивме погодок на овој меч. Сега треба да се фокусираме на следните натпревари и да продолжиме да победуваме“, изјави голманот на Реал Мадрид.

 

Се вчитува...