Англискиот премиерлигаш Тотенхем конечно одигра натпревар според вкусовите на менаџерот Маурисио Покетино. Настрада српскиот првак Црвена Звезда кој од Лондон замина со пет гола во мрежата, а аргентинскиот стратег поради добрата игра на фудбалерите им дозволи денеска да користат слободен ден.
„Победата ни беше многу потребна. Фудбалерите беа мотивирани, доминиравме во текот на целиот меч и заслужено победивме. Им дадов на фудбалерите еден слободен ден како награда за добрата игра. Во следното коло ние ќе гостуваме во Белград и тоа ќе биде навистина тежок предизвик за нас. Црвена Звезда воопшто не е наивен противник, немојте да ве залажува резултатот“, изјави Покетино.
Тотенхем во Премиер – лигата го очекува дуел со европскиот првак Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

