ЛИГА ЕВРОПА: Јунајтед со гол од пенал го освои Белград…, Рома во 95. минута испушти триумф

Манчестер јунајтед го запоседна врвот од табелата во Групата Л од Лигата на Европа откако во 3. коло на гостувањето против Партизан во Белград славеше со 0-1.

Стрелец на победничкиот гол за „црвените ѓаволи“ беше Марсиал во 43. минута од пенал.

Во вториот натпревар од оваа група, АЗ Алкмар славеше убедливо со 6-0 против Астана.

Во Групата Ј, Рома испушти триумф против Менхенгладбах пред своите навивачи, ремизирајќи (1-1) по примен гол во 95. минута. Стрелец за водство на римјаните беше Заниоло во 32. минута од натпреварот, а Ларс Штиндл во 95. минута израмни од пенал за конечни 1-1.

ЛИГА ЕВРОПА – 3. КОЛО

ГРУПА А

Карабах – АПОЕЛ 2-2

Севилја – Дуделанж (21 ч.)

ГРУПА Г

Порто -Глазгов Р. 1-1

Јанг бојс – Феенорд 2-0

ГРУПА Х

ЦСКА Москва – Ференцварош 0-1

Лудогорец – Еспањол 0-1

ГРУПА И

Сент Етјен – Александрија 1-1

Гент – Волфсбург 2-2

ГРУПА Ј

Рома – Менхенгладбах 1-0

Башахшехир – Волфсбергер 1-0

ГРУПА К

Слован Братислав – Вулверхемптон 1-2

Бешикташ – Брага 1-0

ГРУПА Л

АЗ Алкмар – Астана 6-0

Партизан – Манчестер јунајтед 0-1

Се вчитува...