Футсал репрезентацијата поведе, па доживеа дебакл од Словенија во квалификациите за СП 2020

Македонската футсал репрезентација загуби убедливо со 1-6 од Словенија во првиот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман на СП 2020 кој се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Македонија поведе на натпреварот со голот на Мицевски во 8. минута, но потоа се беше во знакот на Словенците. Најпрво Осредкар во 13. минута израмни на 1-1, а веќе во следната минута со голот на Зајц, Словенците поведоа и со 1-2. Чујец во 21. минута зголеми на 1-3, а со погодоците на Фидершек и Чех во два наврати, противничката репрезентација заокружи на 1-6.

Во првиот натпревар од групата претходно Украина славеше против Косово со 7-1.

Утре, од 17:30 часот, македонската футсал репрезентација во второто коло ја очекува пресметка со селекцијата на Косово, а последниот дуел од турнирот го играме в недела против Украина, исто така од 17:30 часот.

Се вчитува...