ЛИГА ЕВРОПА: Мајсторија на Пепе од слободен удар за триумф на Арсенал во 92. минута, Селтик ги реши „лацијалите“

Арсенал успеа да ја запише и третата победа во Лига Европа триумфирајќи (3-2) со пресврт против Гимараеш во 3. коло од Групата Ф.

„Топчиите“ извлекоа победа против португалскиот состав кој до 80. минута имаше и предност од 1-2, благодарение на двата погодоци на Николас Пепе во 80. и во 92. минута со прекрасен шут директно од слободен удар..

Претходно, Едвардс уште во 9. минута донесе водство од 0-1 за Гимараеш а Мартинели израмни во 32. минута. Дуарте во 37. минута погоди за 1-2 на Португалците.

Во вториот натпревар од оваа група Ајнтрахт Франкфурт победи со Стандард со 2-1.

Интересно до крајот на оваа фаза натпревари ќе биде во Групата Е каде Клуж, Селтик и Лацио до последната рунда натпревари ќе се борат за водечките две позиции. Селтик вечерва со 2-1 славеше на домашен терен против „лацијалите“ а Клуж го победи Рен на гостински терен со 0-1.

ЛИГА ЕВРОПА – 3. КОЛО

ГРУПА А

Карабах – АПОЕЛ 2-2

Севилја – Дуделанж 3-0

ГРУПА Б

Малме – Лугано 2-1

Динамо Киев – Копенхаген 1-1

ГРУПА Ц

Гетафе – Базел 0-1

Трабзонспор – Краснодар 0-2

ГРУПА Д

ПСВ – ЛАСК Линц 0-0

Спортинг – Розенборг 1-0

ГРУПА Е

Селтик – Лацио 2-1

Рен – Клуж 0-1

ГРУПА Ф

Арсенал – Гимараеш 3-2

Ајнтрахт Ф. – Стандард 2-1

Се вчитува...