Манчестер Јунајтед го совлада Партизан со 0-1 во третото коло од Лигата на Европа, но навивачите на српскиот клуб можат да жалат бидејќи дефинитивно нивните миленици беа подобри на теренот. Мислењето дека „црвените ѓаволи“ незаслужено стигнаа до трите бода го мислат и аналитичарите на Би-Би-Си.
„Ништо добро не може да се каже за оваа победа. Ужасно издание на Јунајтед во кое можеа да дадат гол само од пенал, кој беше единствен шут на целиот меч. Како успеа Партизан да изгуби? Тешко дека повторно ќе видиме ваков меч сезонава“, беа дел од коментарите по победата на Манчестер.
Со победата тимот од „Олд трафорд“ се искачи на првата позиција на табелата во групата Л со седум бода, два повеќе од второпласираниот АЗ Алкмар, додека Партизан е трет со четири бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА