Манчестер Сити ја отпушти ПР агенцијата поради која стана фудбалски потсмев

Манчестер Сити ја отпушти ПР агенцијата која на оглас во име клубот бараше инфлуенсери за натпреварите од Лигата на шампионите. Од англискиот првак тврдат дека немале никаква информација дека ќе биде објавен ваков оглас во кој се бараа инфлуенсери кои ќе ја пренеселе атмосферата од трибините на средбите од елитното натпреварување.

Дополнителен проблем е што во огласот пишуваше дека Манчестер Сити во групата од ЛШ имал „релативно непознати“ противници. Сити е во група со Динамо Загреб, Шахтјор Доњецк и со Аталанта. На последниот натпревар, против италијанскиот тим, на стадионот имаше 4.000 луѓе помалку од максималниот капаците, 49. 308 навивачи беа на трибините.

По излегувањето на огласот, фудбалската јавност, особено на социјалните мрежи, реагираше со потсмев што резултираше со експресната реакција на Манчестер Сити.

 

 

 

Се вчитува...