Интер во јануари го купува Ракитиќ

Италијанскиот калчолигаш Интер отпочна преговори за ангажман на хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ. Тој оваа сезона не е во преден план кај тренерот на Барселона, Ернесто Валверде. Оттаму и интересот на Антонио Конте да го добие веќе во зимскиот преоден рок.

Барселона сакаше да го стави Ракитиќ на трансфер – листа и минатото лето, но Хрватот јасно порача дека сака да остане на „Камп Ноу“ и да се бори за место во тимот. Сепак, сега е решен да замине со оглед дека Валверде нема да го промени ставот околу неговата минутажа. Многу повеќе играат Френки де Јонг и Артур.

Интер е подготвен да плати 30 милиони евра, Барселона бара 5 милиони евра повеќе, но со преговори веројатно овие разлики ќе бидат надминати.

Се вчитува...